Македонија не доби датум за преговори затоа што е предводена од корумпирана и криминална власт чии бизнис интереси се поважни од интересите на граѓаните

Соопштение до јавноста

Европската Унија потврди дека Заев и СДСМ ја уназадија државата.  Република Македонија не доби датум за преговори затоа што е предводена од корумпирана и криминална власт чии бизнис интереси се поважни од интересите на граѓаните.

Советот на министри на ЕУ порача дека не сакаат да бидат во исто друштво со земја која е предводена од два пати аболициран премиер кој е фатен жив како бара мито и кој си доделува земјиште на сопственото семејство.

Па зарем премиерот Заев мислеше дека ќе може да ја прелаже Европа дека:

  1. Најпосакуван бизнис партнер преку ноќ стана неговиот брат.
  2. Дека се прави рекет.
  3. Зарем во Европа ќе одиме со тендери чии победници се знаат уште пред да се отворат.
  4. Во Европа ли ќе одиме кога главниот земјоделски магнат станува семејството на премиерот преку плантажи на марихуана а не обичните земјоделци?
  5. Зарем мислеше дека ќе ја прелаже Европа дека криминалот царува а корупцијата расте?

Со СДСМ на власт мафијата  си доби сопствена држава, криминалот и корупцијата цветаат, економијата тоне, а државата доживува неуспеси на сите полиња.

Додека на Заев му течат бизнисите со марихуана,  „Герас Цунев“,  „Цареви кули“ и камионите им возат за РЕК, тој причината за неговиот неуспех да ја внесе Македонија во ЕУ ја бара кај сите освен кај себе.  Дури и подготвен е да не искара со меѓународните партнери на Република Македонија само да не признае дека тој е причината поради која не добиваме датум преговори со ЕУ.

Со Зоран Заев и СДСМ државата само пропаѓа и уназадува. Тие не можат да донесат подобар стандард и европска иднина за Македонија.  На граѓаните и Македонија  потребни им се промени, обнова  и напредок кои единствено ќе дојдат кога оваа криминална власт на СДСМ ќе замине.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...