Филипче е еден од најнеспособните и најнеодговорните министри во оваа неспособна влада и затоа мора веднаш да си замине

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Министерот за здравство Венко Филипче веќе кога нема доблест сам да си поднесе оставка од владата, тогаш е подготвен да добие метла Заев која што ја најавува.

Филипче е еден од најнеспособните и најнеодговорните министри во оваа неспособна влада во историјата на Република Македонија предводена од најнеспособниот премиер Зоран Зсев.

Венко Филипче успеа за година дена министерување да го упропасти здравствениот систем и министерството за здравство да го претвори во инкубатор за матни зделки и бизниси.

Прво, тој е најодговорниот што се случи крвавиот тендер, односно криминалната зделка тешка 35 милиони евра која беше доделена на фирма основана непосредно пред распишување на тендерот за централизирана набавка на реагенси за лабараториите ширум здравствените установи во Македонија или познат како тендер Жути 45. Патем овој тендер само поради критиката од јавноста беше повлечен, но правосудните органи се уште немаат никаква реакција за непосредната одговорност на Венко Филипче.

Втор сомнителен бизнис на кој му кумуваше Филипче беше наместениот тендер за стерилизација, кој што го објавивме лично ние како политичка партија, повторно по истиот принцип како и претходниот тендер за реагенси. Тендерот за кој и врапчињата надвор  знаеа дека ќе го добие една фирма од Албанија која што е поврзана со еден ист човек Илир Рапај уште пред да заврши е тежок најмалку 14 милиони евра.

Трет скандалозен потег е приватизација на службите за Брзата помош и Домашна посета, кој Владата на СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче интензивно го подготвуваат и тој само ќе донесе богатење на поединци и на сметка на уништување на здравствениот систем. Ваквите бизнис интереси очигледно немаат ништо заедничко со јавното здравство и здравјето на граѓаните кое што е најважно, туку едноставно се работи за пусти пари кои што треба да ги заработат.

Четвртиот скандалозен случај кој го тресе здравството е епидемијата со морбили која веќе половина година зема замав и се повеќе се шири а никој не може да ја спречи и нема намера да ја спречи од министерството за здравство. Сето ова е поради неспособноста на Филипче да се справи соодветно, бидејќи наместо да влева сигурност кај граѓаните тој дополнително со скандалот со поминат рок на етикетите на вакцините и лажното вакцинирање на својата внука со МРП вакцини, уште повеќе ја зголеми недовербата и загриженоста кај родителите за квалитетот на истите вакцини.

Петиот скандалозен случај во здравството беше набавката на лекови на скопската Клиника за хематологија од веледрогеријата „Пановски“, каде што постоеше евидентен судир на интереси, бидејќи директорката на оваа клиника е ќерка на сопственикот на веледрогеријата од која што  истата ги набави тие лекови.

Почитувани

На човечки жртви градеа кариери цело СДСМ. Цело СДСМ ги користеа човечките жртви кои умираат по болниците за да дојдат на власт. Денес гледаме дека нивното доаѓање на власт било само болна амбиција за лично богатење на грбот на граѓаните.

Затоа, Венко Филипче треба уште веднаш да си оди од позицијата министер за здравство. На граѓаните не им треба министри кои изиграваат бизнисмени замешани во мафијашки криминогени тендери.

Венко Филипче треба да си замине од позицијата веднаш  и да ги ослободи граѓаните од неговата неспособност!

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...