Арсовски: Анѓушев како еден од најзаслужните за уништувањето на Македонија и нејзината економија треба да си оди од власта заедно со сите останати

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Најнеспособната Влада во историјата на Република Македонија, предводена од најнеспособниот премиер Зоран Заев е пред реконструкција која што не ветува ништо ново и не ветува ништо подобро.

Оваа Влада на Заев и СДСМ е Владата која што ја уништи Република Македонија и економски и државнички.

Еден од најзаслужните за уништувањето на Република Македонија и нејзината економија е вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој претставувајќи се како владин човек од бизнис секторот, успеа да ја доуништи и онака кревката економија и да работи единствено за интересите на неговите фирми и бизниси.

Денеска, иако ги има премногу, ќе потенцираме 5 најважни причини зошто Кочо Анѓушев треба да си оди од власта заедно со сите останати и со Заев и тоа уште веднаш.

  1. Кочо Анѓушев е вицепремиерот од Владата на СДСМ кој сам на себе си додели грант од 160.000 евра преку фондот за иновации на својата фирма „Каст Инвест“ и притоа лажеше дека воопшто и не знаел за грантот, туку неговиот менаџмент на фирмата аплицирал без тој да знае.
  2. Кочо Анѓушев е вицепремиерот на СДСМ кој откако дојде на функција сам на себе си овозможи царински поволности за литиум јонските батерии кои ги вградува во производите во неговите фирми, кои притоа се единствени фирми во Република Македонија кои ги користат токму тие батерии. Тој сега има поволности за набавка однос за увоз на истите.
  3. Кочо Анѓушев е вицепримерот во Владата на СДСМ кој својата позиција ја искористи за да ги изгради полесно малите хидроцентрали МХЕ Тополки и МХЕ Падалишка Река, односно ја искористи својата позиција за преку својот колега министерот Садула Дураку да си го продолжи рокот за изградба на истите хидроцентрали наместо да му ги прекинат договорите, како што стоело во еден од членовите на договорите, а  претходно истотака  си донесе одлука за пренамена од земјоделско во градежно земјиште за истите хидроцентрали со што  ја зголеми вредноста на истото земјиште.
  4. Кочо Анѓушев е вицепремиерот кој ја искористи својата позиција во Владата за да успее на сомнителен начин за кој пишуваа и странските медиуми да ја продаде својата фирма ЕДС на грчкото електростопанство, фирма која што работеше во загуба последната година и ја продаде токму во периодот кога се продаваа и националните интереси на државата за неколку милиони.
  5. Кочо Анѓушев е вицепремиерот бизнисмен чии бизниси цветаат откако е на власт. Да потсетиме дека општините под раководство на  СДСМ, Кочо Анѓушев и неговите фирми ги снабдуваат со камионите за чистење познати како метларки кои ги произведуваат токму неговите фирми. Да потсетиме дека неговите фирми ги земаа тендерите во психијатриската болница во Негорци, во Клиниката за кардиологија, во тетовската клиничка болница, во Основниот суд во Велес, во Агенција за патишта за набавка на мрежа и многу други тендери кои се сомнителни и матни кои што подоцна треба да се истражуваат откако оваа Влада ќе ги тргне канџите од судството.

Почитувани,

Ова се само дел од причините заради кои Кочо Анѓушев треба да си оди, да прекине да ја злоупотребува функцијата и да одговара откако институциите ќе почнат да  ги расветлуваат овие случаи.

Што побрзо си замине оваа Влада на СДСМ, толку подобро за граѓаните и државата.

 

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...