Граѓаните ниту виделе, ниту ќе видат аир од Заев и најнеспособната влада

  Соопштение до јавноста

Граѓаните ниту виделе, ниту ќе видат аир од Зоран Заев и најнеспособната влада. Животот дојде само за врхушката околу него, а бројот на луѓе кои живеат под прагот на сиромаштија постојано се зголемува. Затоа главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување од Македонија.

Проектот на владата е уште една шарена лага од која што граѓаните нема да имаат вистинска корист. Единствено манипулаторот Заев се обидува со пари од народот да добие политички поени. Доколку навистина се грижеше за буџетот на граѓаните, Заев ќе ја намалеше акцизата која што ја покачи, ќе го зголемеше обемот на производи со повластена стапка на ДДВ од 5% или ќе ја намалеше стапката на ДДВ од 18%, а пред се ќе престанеше да ги краде парите преку наместени тендери.

Вака останува впечатокот дека станува збор за квазипроект кој ќе направи поголема штета, отколку корист. Се компликува целиот апарат, се воведуваат софтвери и апликации, а се очекува оние кои се најзагрозени, сиромашните пензионерите и другите ранливи категории, со смартфони да ги сликаат фискалните сметки.

Економска логика за овој проект нема. Истиот дополнително ќе го загрози полнењето на буџетот и потоа ќе има контраефект врз исплатата на платите и придонесите на администрацијата и пензионерите.

Граѓаните нема да добијат по 30 000 денари поврат на ДДВ на крај на годината. За да добијат толкав поврат треба да исплатат во текот на годината ДДВ во висина од над 200 000 денари, односно да купат стоки во вредност од околу 25 000 евра од кои само помалиот дел би биле со повластена стапка на ДДВ од 5% како што е хратана и средствата за хигиена. Дури и со две просечни плати од по 1000 евра, едно семејство не може да си дозволи толкав трошок, така што провидни се лагите на Зоран Заев.

Квазипроектот ќе предизвика проблеми, а откако тоа ќе се обелодени инволвираните треба да понесат одговорност.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...