Во недостиг на сопствени проекти СДСМ се фали со проектите на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Зоран Заев и СДСМ ја предводат најнеспособната влада во историјата на Република Македонија.  Власта целосно потфрли на полето на инфраструктурата и освен да се фали со туѓи проекти, ништо друго не сработи.

Во недостиг на сопствени проекти СДСМ се фали тие кои се проектирани, реализирани или започнати од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ потроши две години во неработа и стопирајќи се што беше започнато од претходната влада, за сега истите проекти да ги продолжат и да ги промовираат како свои.

Патните правци Штип – Радовиш и Штип – Кочани кои СДСМ ги претставува како свои се проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ, но добро е што СДСМ конечно се реши да се фати за работа и истите да ги доврши.

Неспособниот СДСМ чекаше речиси една година за да ја пушти во употреба завршената делница Демир Капија – Смоквица, а две години не можеа ниту да го пуштат во употреба готовиот автопат од Штип до Миладиновци.

За нивната неспособност говори и фактот што нивото на реализација на капиталните инвестиции кои самите ги проектираа, во првите 4 месеци од годинава изнесуваат мизерни 9,83%. Тоа само ни говори дека 2019 ќе биде полоша од минатата 2018 година, која пак беше најлошата во историјата на државата.

Ветувањата за 600 километри нови автопатишта, 550 километри магистрални и 1.100 локални патишта се покажа дека се само лажни предизборни манипулации.

Граѓаните се уверија дека СДСМ ниту знаат, ниту се способни да ја подобрат инфраструктурата на Република Македонија.  Државата повеќе не смее да стагнира, СДСМ мора да си замине, за Република Македонија да оди напред.

 

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...