Прв што треба да биде изметен од Владата треба да биде Зоран Заев

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димче Арсовски

Време е да заигра метлата која што ја најавуваше Зоран Заев, но прв што треба да биде изметен од Владата, е лично тој.

Зоран Заев треба да си замине затоа што се што кажа излажа. Ниедно ветување кое што го даде на граѓаните не го исполни. Напротив се дрзна и го смени името на државата.

Зоран Заев треба да си замине бидејќи е синоним за криминал и корупција. Зоран Заев е единствениот аболициран премиер за криминалии тешки милиони евра.

Зоран Заев треба да си замине бидејќи ја урна македонската економија. Ветуваше просечна плата од 500 евра а сега имаме 500.000 граѓани што живеат под прагот на сиромаштијата.

Ова се само дел од причините зошто Зоран Заев мора прв да си оди од Владата, а после него сите други.

Зоран Заев додека е премиер на Република Македонија, државата ќе тоне. Што побргу тој си замине од владата, толку подобро за сите граѓани.

 

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...