ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада за обнова на Македонија

Соопштение до јавноста

СДСМ паѓа, тоа му е јасно и на Зоран Заев.

СДСМ паѓа заради младите кои забрзано ја напуштаат државата и заминуваат во странство, да работат и живеат.

СДСМ паѓа заради сите неправди и сиромаштијата во која ги втурнаа граѓаните.

СДСМ паѓа затоа што затвораат и малтретираат недолжни граѓани.

СДСМ паѓа затоа што ги изневери граѓаните.

Зоран Заев е во калта. Колата наречена СДСМ е тргната низ удолница од која нема враќање.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада за обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ гаранитира стандард и успеси за Македонија и нејзините граѓани.

Ќе има повисоки плати и сигурност за вработените.

ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи подобро здравство, образование и наука.

Сплотени и со чиста мисла Македонија мора да се крене од пепелта.

Ќе ја обновиме Македонија. Ќе обновиме се и ќе ја поставиме државата на здрави темели. Потребно е СДСМ и Зоран Заев да си заминат во историјата.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...