Нелоски: Во СДСМ се е исто само Кирацовски го нема

Владимир Нелоски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на 1ТВ рече дека ВМРО-ДПМНЕ од 1991 година до денес е една константа што се грижи за македонските национални интереси и за целокупниот живот на сите граѓани во Република Македонија.

-Слоганот е обнова на Македонија со што сакаме да порачаме дека трпеливост со јасни чекори знаеме како да стигнеме до обнова на сето она коешто последните две години е урнисано од страна на власта, кажа Нелоски.

Тој на прашањето како според ВМРО-ДПМНЕ треба да се протуркаа интегративните процеси одговори:

-Не треба на сила да протуркаме закон за попис со европско знаменце. Јас не гледам каде е тука потребата таков закон и каква е поврзаноста на пописот со европското знаменце. Нема да се обидуваме да протуркаме попис којшто не е според Еуростат стандардите, туку заедно со опозицијата и власта ќе направиме законско решение коешто ќе ги даде релевантните податоци за тоа врз чија основа Македонија како држава ќе се развива во наредните десет години.

Нелоски посочи дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт нема да се дозволи претседателот да се појави во во регион кадешто пред еден месец земјоделците го фрлаа својот род во реките и во езерата, да отиде да се слика, да вози мотори, да се смее најавувајќи ја реконструкцијата. Имено тој додаде дека може да се забелижи дека Зоран Заев со почетокот на реконструкцијата се обидува да ја зацврсти својата позиција во СДСМ.

-Јас сум изненаден како еден меур пукна целокупната реконструкција на Зоран Заев бидејки ги гледаме старитре кадри како Петре Шилегов којшто е еден од најнеуспешмите градоначалници на град Скопје од било која власт, Костадин Костадинов којшто е еден апологет на Зоран Заев и којшто ги има најрозевите очила во Република Макдонија , потоа Тевдовски којшто го зголеми данокот во РМ итн, вели тој.

Нелоски порача дека реконструкцијата на Зоран Заев е се е исто само Кирацовски го нема.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...