По менување на името, идентитетот Зоран Заев посегна и преку пописот да изврши целосно редефинирање на Република Македонија

Соопштение до јавноста

Зоран Заев се пазари на штета на Македонија и сите граѓани кои живеат во земјава.

По менување на името, идентитетот Зоран Заев посегна и преку пописот да изврши целосно редефинирање на Република Македонија.

Аболицираниот Заев без консултации со опозицијата турка попис со матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат.

Аболицираниот Заев и неговата криминална банда треба да разберат  дека пописот е статистичка, а не политичка операција.

Овој процес кој насилно се турка нема да ја прикаже реалната бројка на население кое живее во нашата држава. Со пописот Заев се обидува да изврши манипулација со бројката на жители во Македонија за да врати дел од хипотеките кои ги должи за да дојде на власт без поддршка од народот.

Попис е статистичка операција која што треба да служи за реално планирање на политиките во државата.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да се откаже од овој попис навреме, за да не ја доживее истата судбина како неуспешниот референдум.  И да започне попис според препораките на Еуростат.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...