Македонија ниту ова лето не доби датум за преговори со ЕУ, а нема ниту оставка и повлекување на аблолицираниот Заев

Соопштение до јавноста

Зоран Заев продолжува ноторно да ја лаже македонската јавност. Република Македонија ниту ова лето не доби датум за преговори со Европската Унија, а нема ниту оставка и повлекување на аблолицираниот Заев. Заев повторно ги излажа граѓаните како што ги лажеше дека ќе го одбрани македонскиот Устав во преговорите за името, како што лажеше дека ќе си замине доколку не успее референдумот за промена на името.

Зоран Заев веќе доби црвен картон од граѓаните за криминалот, корупцијата и расипништвото. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда ги загубија изборите во 43 општини. Гласот на граѓаните Заев го помножи со нула исто како и за референдумот.

Нема никаква одговорност што секој четврти Македонец живее во сиромаштија. Нема одговорност нитѕ за катастрофата која се случува во земјоделието и економијата. Заев не виде никаква одговорност кај себе за нулата која ја доби од германските инвеститори и потопот на полето на странските инвестиции.

На овој човек единствено му е важно да врват тендерите на Заеви и тие околу него, а одговорноста за катастрофалната состојба во државата и падот на рејтингот на партијата ја префрла на пониските ешалони. Ова е вистинското лице на Зоран Заев.

Централниот одбор на СДСМ мора да собере храброст и за доброто на сите граѓани да му се спротивстави на Заев. Тие не му должат ништо нему туку на Република Македонија и нејзините граѓани.

По вечерашниот состанок на кој ќе се гласа, целата јавност ќе види дали СДСМ како партија ќе одбере да му слугува на деспотот Заев и ќе ги избере неговите послушници во раководните органи  во партијата, или ќе покажат дека ја примиле пораката од граѓаните и ќе работат во нивен интерес.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...