Денеска во вестите на телевизија Алфа гостин беше Меѓународниот секретар на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Муцунски истакна дека од независноста на Македонија до денес евидентно е дека кога ВМРО-ДПМНЕ е силно како политичка партија, тогаш и Македонија е силна.

-Нешто што го гледаме следејќи ја современата политичка историја на Република Македонија е тоа дека кога ВМРО-ДПМНЕ е силно како политичка партија тогаш и Македонија е силна. Односно ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која долги години успеало да ги штити националните интереси на нашата земја, вели тој Муцунски потенцираше дека вечерва опозицијата ќе испрати порака за обнова, од гледна точка на една нова политичка генерација во партијата и решавање на проблемите во државата како и развој на македонското општество.

Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за иднината на Македонија ќе биде рефлектирана во конкретна политичка програма додаде тој.

-Ние не смееме да бидеме земја во која економијата тоне, односно земја во која секој четврт граѓани живее под прагот на сиромаштијата. Не смееме да бидеме земја во која што јавното здравство се руинира од ден за ден. Односно земја во која што секој граѓанин размислува да подигне кредит за да користи приватни здравствени услуги. Не смееме да бидеме земја во која инфраструктурата се руинира и нема капитални инвестиции. Што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ, од денешниот ден почнува еден процес како на внатрепартиски реформи, статутарни реформи, но и ќе понудиме конкретна политичка програма, еден прогресивен пристап како Македонија треба да се гледа во иднината, заклучи Меѓународниот секретар на партијата.