Во денешното гостување на вестите генералниот секретарна ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев рече дека кога станува збор за СЈО, ВМРО-ДПМНЕ бара да се применуваат европските и светските стандарди и да се почитува Европската Конвеција, одлуките на Европскиот суд за човекови права. Имено тој кажа дека јавен обвинител треба да се избере по предлог на опозицијата.

– Веруваме дека сето ова е исправно и само така ќе можеме да ја вратиме правната држава каде што ќе имаме владеење на правото, истакна Јанушев. Тој во своето гостување зборуваше и за пописот кој што го најавуваат СДСМ и Заев.

Тој за пописот рече:

– Гледаме дека Заев се обидува на еден насилен начин да започне со пописот. Ова ќе придонесе да ни даде само некои бројки кои нема да имаат никаква врска со реалноста и на крајот од денот нема да имаме попис туку нереални бројки од некоја операција којашто некој си замислил дека треба да ја спроведе, додаде Јанушев.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ единстевно е што бара е да се спроведе попис согласно стандардите на Еуростат и стандардите на Обединетите Нации.

– Ако сметаа од власта дека не треба да имаме попис согласно Еуростат и Обединетите Нации нека излезат јавно и нека го кажат тоа, додаде Јанушев.