Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување на вестите во македонската телевизија истакна дека денеска се слави 29 години од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и истовремено 126 години од историското ВМРО.

-Борбата за самобитноста на македонската држава, борбата за македонскиот национален идентитет особено во ова зловреме коешто го донесоа Заев и СДСМ продолжува и понатаму, Јанушев.

Тој имено кажа дека ВМРО-ДПМНЕ останува на корените на историското ВМРО во однос на овие неколку сегменти. Имено станува збор сегментите со кои ќе може Македонецот да му се овозможи еден нормален живот во македонска држава, во своја држава каде што ќе може да живее како и останатите граѓани низ целиот свет.