Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за Телевизија 24 посочи дека ВМРО битисува и се бори за Македонија, тоа ќе продолжи и понатаму, никогаш оваа партија нема да коалицира или пактира со Зоран Заев, туку време е да се порази, за доброто на граѓаните и Република Македонија.

-Но, денес во Македонија ништо не се случува, ние не сакаме да коалицираме или пактираме со Зоран Заев. Ние сакаме да го поразиме. Затоа што Македонија има мака со Зоран Заев. Понижувањата кои што Македонија и Македонец ги доживува на дневна основа се бројни, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека нема човек на кој што Македонија му е на срце, а да не се чувствува понижено, да не се чувствува обеспокоено. Нема семејство во Македонија во кое што не се размислува за иселување, нема човек во Македонија кој што еднаш, два пати или три пати месечно таа работа нема да му помине низ главата.

-Време е оваа власт да си замине. Дали тоа ќе биде за 6 месеци, за 10 или за година дена, јасно е револтот меѓу народот е огромен, граѓаните се разочарани. Дури и оние кои што најмногу веруваа во Зоран Заев, веќе не можат да го правдаат, нагласи Ѓорчев.