Во изјава на Телевизија 24, г. Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека ВМРО-ДПМНЕ цело време бара предвремени избори бидејќи е подготвено кога и да се случат.

-Цело време бараме предвремени парламентарни избори. Погледајте година дена наназад ние цело време бараме предвремени избори, но Зоран Заев ги избегнува. Зошто? Затоа што ќе е поразен, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека на претседателските избори се согледа дури и во првиот круг кога во 40-тина општини, убедлив пораз имаше за Зоран Заев и за неговите политики, и неговите 28 министри. Имаше пораз во Скопје, пораз во Битола, пораз во Прилеп, пораз во Штип итн. Како и во Велес, Повардарието, Цела Источна Македонија, Пелагонија.

-Зоран Заев е човек кој што е аболициран за криминал, во случајот Глобал во Струмица, за девет милиони евра. Зоран Заев е човек кој што бараше поткуп пред цела Македонија“, нагласи Ѓорчев. При својата изјава Ѓорчев појасни дека се што е околу него е направено од владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ. При што ги наброја „Македонска филхармонија“, „Македонска опера и балет“, зградата на Јавното обвинителство, зградата на МНР итн. „Имаме трета година како владата на Зоран Заев и неговите 28 министри при што имаме заглавена една зграда во која што една шајка не е закована и една бандера не е направена. Она што сакам да го кажам е дека 10 милијарди од парите на граѓаните има потрошено оваа влада, една шајка во Македонија не е закована, една бандера не е направена. Се било во Македонија, но ова никогаш не било, ваков егзодус и заминување од Македонија никогаш немало, рече Ѓорчев.

Ѓорчев при крај од својата изјава додаде дека ВМРО –ДПМНЕ секогаш ќе поддржува реформи кои се добри за граѓаните на Република Македонија, а реформи кои што носат штета тука ќе е партијата секогаш да предупреди. Го посочи и пописот кој што се врши спротивно од прописите на Еуростат, треба да се запре, бидејќи Македонија заслужува попис кој е според прописите на ЕУ и Еуростат.