Лицемерно е СДСМ да се фали дека реализирале проекти за унапредување на детската заштита

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Лидија Тасевска

Лицемерно е СДСМ на чело со Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска да се фалат дека реализирале проекти за унапредување на детската заштита.

Ако СДСМ водеше грижа за детската заштита немаше да го укине додатокот за трето дете.

Заев и неговата влада не прифати да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.

Пратеничката група на СДСМ не ги прифати амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија кои предвидуваа да им се помогне да најзагрозените семејства во Македонија.

Владата на СДСМ не прифати домаќинства кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел  од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.

СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.

Сето ова говори за негрижата на владата во доменот на детската заштита.

Време е метлата да заигра што поскоро и Заев да си замине од власт.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...