Аболицираниот Заев и неговата криминална банда ги трошат буџетските пари за полнење на своите џебови

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Драган Тевдовски

Лагите на Заев и на Тевдовски дека Македонија блеска не го полнат буџетот на државата. Не ги полнат  џебовите на граѓаните кои се испразнети како резултат на погубните економски политики на власта. Розовите очила на криминалната банда на власт не го побиваат фактот дека над 500 илјади македонски граѓани живеат под прагот на сиромашијата, а денот го поминуваат со еден оброк.

Живот во Македонија дојде единствено за аболицираниот Заев и неговата криминална банда кои парите на граѓаните, буџетските пари ги трошат за полнење на своите џебови. Буџетската сметка на Заев му служи за исплаќање на концесиите кон своите доверители преку криминални грантови, тендери, партиски вработувања и непотизам.

Задолжувањето расте, економијата е во катастрофална состојба, реализацијата на капиталните инвестиции за првите четири месеци од новата година е под 10 проценти. Парите на граѓаните, парите за кои ги задолжува аболицираниот Заев граѓаните се арчат на непродуктивни трошоци и за исплата на неговите концесии.

На ова економско цунами мора да му се стави крај еднаш за секогаш. Времето на ова влада забрзано истекува, доаѓа времето на реални проекти, економски прогрес и нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...