Нелоски: Власта без трошка срам лажеше дека ќе имаме датум, и сега сме го немале поради технички причини

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски на Т21 вечерва напомена дека датумот не е магично копче, кое што ќе ги реши сите проблеми,владата не треба само декларативно да се залага, туку треба истотот да го покаже во пракса.

Тој обвини дека власта една година ја лаже македонската јавност. Тој вели дека кога говориме за датумот средбата со Меркел и законските решенија кои што беа изгласани во Собранието се од значење како ВМРО-ДПМНЕ и истото покажало дека партијата е на европската агенда.

Тој вели дека се задоволни за придонесот што го даваат кон европската перспектива како конструктивна опозиција. Нелоски вели исто така дека мора да се напомене дека во оддредени области има недостатоци особено по извештајот на ЕК особено во криминалот и корупцијата.

-Праските во Росоман ќе се фрлаат и по добивање на датумот за преговори, се додека владата не ги засука ракавите и не почне да работи датумот нема да смени ништо. Нелоски вели дека жали што се говори за датумот, но власта како да има амнезија, граѓаните помнат дека Заев на 2 јули 2018 година рече дека Македонија веќе добила датум за преговори. -Во текот на годината неколку пати дававте изјави и портпаролот на владата и вицепремиерот Османи дека ние имаме добиено датум за преговори, заборавивте дека ветувавте дека сме добиле датум за преговори. Јас скептичен сум дека ќе добиеме, но искрено се надевам дека тоа ќе се случи, вели Нелоски.

Тој обвини дека денеска зборуваме дека во октомври ќе добиеме датум ,но прославаза датум за преговори владата правеше во агуст 2018 година.

Поврзани вести