Оставката на Богоевски не може да биде параван зад кој оваа криминална власт ќе ги скрие своите криминали

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ  може да говори за морал и одговорност кога метлата ќе заигра за креаторот на хаосот и криминалот во земјава и аболицираниот Заев  ќе си замине од власт.

Оставката на Богоевски  не може да биде параван зад кој оваа криминална власт ќе ги скрие своите криминали.

Доколку СДСМ сака да покаже морална одговорност, треба нејзниот лидер Зоран Заев да си поднесе оставка од премиер заради „ Евро за Вицето, евро за црквата“,  матно доделување земјиште на семејството и уште многу криминали кои ги спроведе изминативе две години.

Заев и неговата врхушка на власт откако се на власт единствено што сработија е тоа што ги проширија своите бизниси преку матни и криминални зделки, тендери и грантови на грбот на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај.

Република Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ заради криминалот, корупцијата , партизираното судство и обвинителство од страна на СДСМ и Зоран Заев. И токму затоа местото на Зоран Заев како и Павле Богоевски не е во политика, туку во затвор.

Кога оваа криминална власт на чело со Заев ќе си замине од власт, Македонија ќе тргне напред.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...