Во своето гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа, лидерот на опозицијата, Христијан Мицковски истакна дека е вчудоневиден од леснотијата со која министерот за финансии вели дека буџетот добро се полни.

Тој посочи дека Тевдовски не ја говори вистината бидејќи околу 50 милиони евра помалку прилив има во државниот буџет од даноците од она што било планирано во првите неколку месеци од годината. -Јас навистина сум вчудоневиден со која леснотија министерот за финансии кажа дека буџетот добро се полни. Од оние информации кои што јас ги имам делот на полнење на буџетот кој што доаѓа преку УЈП, мислам дека не е така.

Затоа што потфрлањето од јануари до мај месец е многу поголемо во однос на планираното собирање на даноци во буџетот и освен тоа да кажам дека не ја говори вистината, немам што да кажам. Не ја говори вистината пак ќе кажам за да купи одредено политичко време пред да се случи некој нов економски шок и потрес во државава. Тоа не ми е јасно кој се неговите мотиви, дали се од политичка природа или нешто друго?

Но вистината е дека не се полни како што треба и моите информации се дека некаде нешто повеќе од три милијарди денари се помалку собрани, нешто над 50 милиони евра помалку се собрани пари од тоа што е планирано за периодот јануари, мај оваа година., вели тој Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше и изјавата на Тевдовски дека во буџетот е зголемен приливот на средствата поради прогресивниот данок за некои 17, но притоа запраша дали услугите на државата кон граѓаните се зголемени за исто толку проценти. -Замислете министерот за финанси се фали дека од граѓаните собрал повеќе во буџетот и вели дека тоа го направил за некои 17 проценти. Веднаш како граѓанин, не како претседател на опозицијата можам да го прашам, дали за 17 проценти услугата кон мене е зголемена, бидејќи сте собрале 17 проценти повеќе од граѓаните, потенцираше Мицкоски.