Јаулески: СДСМ ветуваа многу, но веќе две години состојбата во студентските домови е катастрофална

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Две години како СДСМ  е на власт, состојбата во студентските домови е катастрофална. Нема инвестиции, нема проекти, ништо од ветеното не е остварено. Наместо подобри услови директорот на Државниот студентски центар – Скопје ветува дека ќе ги разеленува студентските домови.

Господине Николовски на студентите поголем приоритет им е да ги опремите со мебел блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да можат да се вселат 600 студенти, кои наместо во студентски цела година беа сместени приватно и плаќаа високи кирии. Две години двата реконструирани блока не можат да бидат пуштени во употреба затоа што на Николовски поважно очигледно му е нешто друго.

Две години пристапите кон студенткиот дом Гоце Делчев се калливи и полни со ѓубре, студентите незнаат дали се наоѓаат во студентски дом или во Дрисла.

Состојбата е лоша и во другите студентски домови, во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ топлата вода за туширање се исклучува после 20 часот, што е период во кој студентите  се враќаат во домовите и не можат да се истушираат, затоа што на некој му текнало да ја исклучи водата.

Додека најавуваат ново модерно мени, оброците се полни и зачинети со лебарки.

Господине Заев, Дарко Каевски и Ивана Туфегчиќ дали знаете во какви субхумани услови живеат студентите. Ветувавте многу, а не направивте ништо. Ги разочаравте студентите.

Дали за да се подобри храната е потребно да поминат уште две години? Дали за топла вода е потребно уште две години? Колку време е потребно за да се поправи лифт во студентски дом?

До каде е изградбата на студентскиот град на  местото на „Стив Наумов“, кој требаше да има библитеки, читални, ресторани и фитнес центри ? Ништо од тоа што ветивте не   остваривте.

Казната од младите доаѓа. СДСМ никогаш повеќе.

Поврзани вести