Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и неговиот ментор се најголеми криминалци

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

За доброто на граѓаните и Република Македонија метлата треба да заигра што поскоро и тоа да почне од Зоран Заев.

СДСМ за морал и одговорност може да говори кога Зоран Заев ќе си замине од власта.

Заев да престане да се крие позади оставката на Богоевски.

Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и неговиот ментор се најголеми криминалци.

„Едно евро за Вицето, едно евро за црквата” е симбол за корупцијата на Зоран Заев и оваа влада. Сите оние пари кои што ги има барано Зоран Заев по едно евро за неговиот брат е симбол како функционира Зоран Заев, како функционираше како градоначалник на Струмица и како функционира како претседател на Владата.

Местото на Заев не е во политиката. Неговото место единствено е во некоја казнено поправна установа, каде што ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава.

Кога Зоран Заев и неговата криминална банда ќе си заминат од политичката сцена Македонија ќе заблеска.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...