Јаулески: Димитров наместо да се концентрира на тоа како младите да останат во земјава,тој се фокусирал на стипендијата на својата ќерка

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Младите и перспективни кадри си заминуваат од Македонија. Тоа што Димитров признава дека две години преспал и наместо да се концентрира на тоа како младите да останат во земјава и да го дадат својот придонес, тој си се фокусирал на стипендијата на ќерката, не им помага многу на кандидатите кои заради партиските фаворити на Заев и Димитров не добиваат шанса во МНР.

Никола Димитров наместо во изминативе две години да иницира промена на Законот за административни службеници доколку смета дека тој има пропусти, тој  се зaангажира да обезбеди стипендија од 40.000 евра за ќерка му за студирање во Холандија.

И ако колегите политичари на Димитров од регионот ги праќаат своите деца да студираат во странство, но не со државни пари, туку со стипендии добиени од универзитетите, кои ги даваат стипендиите на основ на личен квалитет, Македонија ќе плаќа 40.000 евра за Јана Димитрова да заврши во Холандија.

Додека ќерката на Димитров студира со државни пари во странство, млади луѓе кои сами си го платиле своето образование на престижни Универзитети низ светот не можат да се вработат во Македонија, каде Димитров е министер за надворешни работи.

Димитров треба да  се огледа на примерот со хрватската Претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, чија ќерка е примена на Харвард и ќе добива стипендија од Универзитетот, а не од државата.

Почитувани,

За цел свет важат едни стандарди, а за Димитров важат други.

Квалитетни кадри кои се образувале во странство, магистрирале и докторирале на свој сопствен трошок не се доволно квалификувани за Димитров, а се квалификувани лица кои завршиле само високо образование. Ако ова не е партизација и двојни аршини, тогаш не знаеме што е.

Партизацијата мора да запре. Достапноста на работните места мора да биде еднаква за сите, без разлика кој од која партија е. Македонија мора да стане држава за сите. Со еднакви можности за секој.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...