Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски од собраниската говорница денеска истакна дека во овие две години мерено во апсолутни бројки долгот на Република Македонија е зголемен за 535 милиони евра точно, прашањето е покрај потрошените два буџети, што граѓаните добиле за возврат за овие пари.

Димовски вели дека целовкупната изградба на патна инфраструктура започна по масовно со мандатот на предходната влада,но оваа влада не успева да ја следи таа динамика и не успева да ги испорача очекувањата на граѓаните.

-Единствени два патни правци кои што се пуштени во овие повеќе од две години владеење на оваа влада се патниот правец Демир Капија до Смоквица и патниот правец од Миладиновци до Штип, вели Димовски. Над 95 проценти од овие патни правци биле завршени во моментот кога оваа власт го превзема управувањето врз извршната власт. За едниот се чекало една година, а за другиот скоро две години да се пуштат во употреба. Нема оперативна изведба на ниту еден зафат на релацијата Кичево-Охрид. Од друга страна изведувачите на патот Градско-Прилеп ја откажуваат работата, објасни пратеникот.

Тој вели дека се гледа дека не се реализираат никакви капитални проекти, а владата гласа на седница за изградба на патарини и цената на патарините. Реакции имаше и за висината на цената на патарините, одење до Гевгелија и назад ќе ги чини граѓаните 560 денари. -Одење до Штип и назад ќе чини 350 денари, Софија –Пловдив за 153 километри е 940 денари за 20 дена работни во месецот, а кај нас на релација Скопје-Гевгелија за иста должина цената ќе биде 11.200 денари, за 20 дена во месецот, вели Димовски Тој истакна дека овие пари ќе одат за претпријатето за кое денеска се носи одлука, за да се задолжи, односно да земе странски кредит за да изгради патарина.

-Од исто време реализацијата на капиталните расходи во првите четири месеци е 9,83 проценти, најниско ниво на реализација на капитални расходи во последните 20 години. За која намена ќе се трошат овие пари и зошто не се употребат за друга намена. Вишоците на пари ќе ги давате таму каде што се работело најнедомаќински. Иако предизборните ветувања на власта беа дека нема за еден денар да се зголеми долгот на Република Македонија, сте добиле гласови врз база на ветување кое не сте го добиле, вели пратеникот Димовски.