Мицевски за оставката на Богоевски: Се надевам дека ќе се фокусирате во барањето на дилерот, а не во таксистот

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија„ Никола Мицевски на денешната собраниска седница рече дека тој сметал дека целта на излагањето на Павле  Богоевски е образлагање на неговата оставка, а не лечење на фрустрациите со коишто се опседнати.

-Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше јасен и недвосмислен  во соопштението за јавноста  дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се произнесат по правото и правдата  и по законите  согласно Уставот и деловникот за работа на Собранието. И барајќи неселективна правда  нескриена е фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. Таа омраза и фрустрација  ве засенува во реалното размислување и работење на она за што сте избрани , а тоа да им служите на граѓаните  и да работите за подобро утро на граѓаните. Тоа во праксата и во реалноста го нема, истакна Мицевски.

Тој посочи  дека нормална постапка е  да било која јавна личност фатена во недозволени дејанија, особено ако е признато делото, како во вашиот случај да  си поднесе оставка.

Имено тој кажа дека очекува во наредниот период, институциите да си ја завршат својата работа  и конечно еден случај  од оваа неспособна власт  да добие своја разврска и дека ќе се фокусираат во барањето на дилерот, а не на таксистот.

-Да не се концентрираме колега Богоевски на оставката, да не се концентрираме  на моралната одговорност, да се концентрираме на одговорноста на поднесување на оставката, порача Мицевски.

Поврзани вести