Лицемерно е СДСМ да се фали со мерки кога сиромаштијата е искачена на енормно ниво

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Катерина Кузмановска

Лицемерно е СДСМ да се фали со мерки кога сиромаштијата е искачена на енормно ниво. Откако СДСМ дојде на власт бројката на сиромашните се искачи на 500.000 граѓани.

Владата на СДСМ не прифати мерка со која домаќинствата  кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение. Владата на СДСМ ниту прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.

Заев и неговата криминална влада не прифатија да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.

Време е СДСМ и Зоран Заев да одговараат за сиот криминал кој го имаат сторено, и за нивното расипничко трошење на народните пари.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...