Арсовски: Бизнисот на фирмите на Анѓушев цвета со народни пари

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Во услови кога економијата во Република Македонија крахира, кога граѓаните осиромашуваат, бизнисот на фирмите на вицепремиерот на владата на СДСМ, Кочо Анѓушев цвета и како по обичај, и тоа цвета со народни пари.

Анѓушев можеби не знае да најде решение кое би ја подобрило македонската економија, но затоа успеа да најде идеален начин како производите од неговите фирми да бидат набавувани на сите тендери во државата, а тој воопшто да не конкурира на јавните набавки распишани со народни пари. Последниот скандал во кој вицепремиерот Кочо Анѓушев е повторно замешан во случајот со набавки на возила за метење на улици од типот „Грин Машинс“ произведени од неговата фирма „Брако“ Велес. Имено вкупно 240 илјади евра народни пари за половина година се инкасирани во џебот на Анѓушев преку фирмата „САНДРА-М Љупчо ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци”, која е дистрибутер на овие метларки, идеална шема за собирање на народните пари.

Јавноста алармираше дека четири Комунални претпријатија склучиле договори за набавка на метларките на Кочо Анѓушев, а тоа се ЈП „Исар“ од Штип, „Плавија” Радовиш, Паркинзи на Општина Центар, ЈП „Водовод” Кочани исто така преку дистрибутерот на метларките на Анѓушев од Кавадарци.

Да потсетиме дека Кочо Анѓушев за овие возила веќе еднаш од државата доби бенефиции, односно царински поволности за литиум-јонски батерии за електрични возила произведени од „Брако“, а сега и општините се подредени на список за набавка на овие возила токму од фирмата на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

За Анѓушев овде нормално нема ништо спорно, бидејќи набавката на овие возила била јавен интерес, а одлевањето на буџетските пари на граѓаните на негово конто било позитивно затоа што на тоа дополнително се наплаќало и трговската маржа.

Ова е веќе трагично, набавката на возила вакви со народни пари кај вицепремиерот не е од јавен интерес туку е единствено од интерес на Кочо Анѓушев. Ни срам, ни Метларка треба да почне да се вози на Илинденска, конкретно од Владата и тоа што е можно поскоро. Да почне од Анѓушев, Заев и Тевдовски, луѓето што ја упропастија економијата и кои што единствено работат за нивно лично богатење.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...