Мицкоски: Ако Мицотакис биде идниот премиер и даде иницијатива за репреговарање на договорот, спремен сум да се борам за подобро решение за Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на Топ тема вечерва истакна дека доколку господинот Мицотакис ја отвори таа тема ќе се седне на заедничка маса,ќе го репреговараме договорот, но не така монополизирано како што тоа го правеше двоецот Заев Димитров, туку навистина со сериозна екипа позади себе со експерти кои што само ќе му донесат додадена вредност на овој народ и на оваа држава.

-Ако биде ракавицата фрлена ние ќе ја прифатиме, ние имаме став дека овој договор е штетен и капитулантски за Република Македонија. Тој вели дека од оние разговори кои што ги водел во Брисел,грчките политичари не се свесни која е нивната вредност во овој договор, но знаат дека тој е штетен за Македонија. Ние имаме голем број компликации при имплементација на овој договор гледаме што се случува и големиот број политички приотисоци, тоа е резултат на егзибиционизмот на нашата влада, вели Мицкоски.

Поврзани вести