Младите во Македонија во се поголем број ја напуштаат државата и заминуваат да работат и живеат во странство

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Јон Фрчкоски

Младите во Македонија во се поголем број ја напуштаат државата и заминуваат да работат и живеат во странство. Секоја недела полни автобуси со млади луѓе со карта во еден правец како од внатрешноста  така и од Скопје заминуваат правец Западна Европа.

Доколку Заев и луѓето околу него неможат да ги видат преполните автобуси со млади кои трајно се иселуваат од државата, во прилог им испраќаме неколку прилози од телевизии, пропратени со сведоштва на луѓе. – Ова е вистината за тоа колку е успешен Заев.

Од големата успешност на Заев, скоро 20.000 македонци годишно од кои повеќето млади луѓе добиваат работна виза за работа во Германија. Иста е ситуацијата и со Швајцарија, Австрија, Шведска и други држави од Европа.

Училиштата низ целата држава се се попразни.

СДСМ ветуваше враќање на иселените, не само што не ги врати, туку и го забрза иселувањето. Промовирањето на некакви картички кои не го подобруваат животот на младите е само блед обид да се прикаже дека нешто се прави.

Така наречената гаранција за млади е пропаднат проект. Младите не чувствуваат никаква придобивка од владеењето на СДСМ. Младинската невработеност во Македонија е највисока во регионот и во Европа.

СДСМ не нааправи ништо за младите иако имаше повеќе од две години време. СДСМ треба да си замине. Метлата треба  да почне од Заев  па надоле. Метлата ќе ја добијат на парламентарните избори, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од граѓаните и ќе ја формира новата влада.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...