Мицкоски од Берово: Се живее тешко и очајно, затоа се потребни промени!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денес е во посета на Берово и беровско, во селото Будинарци каде масовно се прославува празникот Пресвета.

Младите немаат перспектива, младите масовно се иселуваат. На малешевскиот крај му се заканува, за жал, судбината на веќе иселениот мијачки крај, на многу места во битолско и другите краеви на Македонија кои веќе во целост се иселени. Младите не ја гледаат перспективата, и затоа се иселуваат, а животот кој толку многу го ветуваа никако да се случи. Луѓето кои веќе живеат таму се незадоволни од она што го живеат и чувствуваат, овде розевата слика која ја креира владата не поминува. Се живее тешко и очајно, затоа се потребни промени. Потребни се резултати и успеси, порача тој.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...