Европската перспектива на Македонија е загрозена од клиентелизмот и криминалот на Заев

Соопштение до јавноста

Европската перспектива   на Република Македонија е загрозена од клиентелизмот и криминалот на Зоран Заев и луѓето околу него.

Криминалот царува на улиците, земјоделието е уништено, квалитетното образованието е опаднат, со милионски тендери се полнат џебовите на функционерите на власта. Буквално земјата тоне.

Наместо реформи имаме криминал и корупција.

Единственото ветување на кое се држеше Заев – влез во ЕУ, полека бледнее. Европската перспектива на државата е загрозена, ја уништи криминалот и корупцијата кои царуваат насекаде.

Во ЕУ не се оди со криминал, во ЕУ се оди со реформи, кои Заев не ги испорача.

Зоран Заев, политичарот кој е највиновен за лошата ситуација во која се наоѓа Македонија сега и се заканува на Европа. Фрустрациите на еден мал политичар почнуваат да ја чинат земјата премногу.

Ликовите како Заев мора да си заминат. СДСМ мора да си замине.

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и ќе ги донесе промените во Македонија. За европска Македонија, за подобра иднина на сите.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести