Со СДСМ и Заев на власт македонската економија тоне

Соопштение до јавноста, реакција на изјава на Костадин Ацевски

Економијата тоне со СДСМ. Во недостиг на конкретна развојна стратегија и економски политики кои ќе го зголемат животниот стандард на македонските граѓани, Заев и Анѓушев го претставуваат за успех растот на БДП кој е привид и последица на ниската стапка во истиот квартал лани.

Имено привидот дека имаме огромен раст од 4,1% во првиот квартал од 2019 година е резултат на фактот што лани во истиот квартал стапката на раст беше исклучително ниска – 0,9%. Стапката на економски раст за секој квартал се мери споредбено со истиот квартал од претходната година.

Фактите се спротивни од тоа што го говори владата. Исклучително нискиот раст на преработувачката индустрија од 3% покажува дека мерките што оваа влада ги насочува кон приватниот сектор и индустријата преку т.н. План за економски раст не даваат некој посебен придонес за подобрување на конкурентноста и вкупниот економски раст на земјата. Напротив, видовме дека тие пари завршуваат во нивни или блиски до нив фирми. Тоа е причината зошто само Заев и Анѓушев се среќни со бројките додека македонските граѓани тонат во сиромаштија и очајно се иселуваат од државата.

Додека сите овие години објаснуваа дека поддршката на земјоделието и градежништвото од страна на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ се погубни политики за македонската економија, денес гледаме како се фалат со придонесот токму на овие два сектори како главна причина за економскиот раст во овој квартал.

Заев и неговата неспособна Влада немаат ниту знаење, ниту капацитет да ја развиваат економијата. Нема нови градинки, нема нови училишта, нема нови спортски сали, нема нови проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на македонските граѓани. Метлата мора да заигра за целата власт.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...