Поради неодговонорста на власта мрежата за наводнување на земјоделските површини низ Македонија две години е нефункционална

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Мрежата за наводнување на земјоделските површини низ Република Македонија веќе две години е нефункционална. Над 200 километри каналска мрежа за наводнување во Тиквешкиот регион повеќе од две години се неисчистени.

Дополнително на голем број места не се санираат тековните дефекти што доведува до неможност да  се сервисираат земјоделските површини.

Цели полиња се без вода поради неодговорноста на власта. Зоран Заев кој се шеташе низ нивите во Република Македонија во текот на 2016 година ветуваше брда и долини, а сега го нема помеѓу земјоделците да види со какви маки се соочуваат. Сезоната за наводнување иако почната од пред два месеци над 3000 хектари лозови насади во Тиквешкиот регион остануваат надвор од мрежното покривање.

Штета по земјоделците е непроценлива. Овогодинешниот род може значително да се намали поради немањето на вода за наводнување. Штетите се големи и кон Подружницата на Водостопанство – Тиквеш, тие заради немање  можност да остварат приход од водокорисниците за наводнување ќе остварат загуби од над 20 милиони денари, што ќе влијае и на нивната способност за обезбедување на плата на самите вработени.

Ситуацијата со наводнувањето е иста и со водокорисниците од Градско и Росоман каде повеќе линии се нефункционални и скинати. слична ситуација е и во делот на Неготино каде има линии кои што воопшто не се пуштени за наводнување.

Сумарно целата ситуација со наводнувањето на земјоделските површини во Република Македонија е алармантна. Зоран Заев треба да понесе директна одговорност за проблемите со наводнувањето во Република Македонија.

Граѓаните ќе го изметат Зоран Заев и СДСМ на наредните парламентарни избори.

Тагови:

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...