Додека СДСМ лаже дека се грижи за младите реалноста дека младинската невработеност расте и се повеќе млади ја напуштаат државата

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Младите се најголемата жртва на лагите и катастрофалните политики на власта. СДСМ  на младите им ветуваше  поголеми можности и подобар стандард, но кога дојде на власт целосно ги заборави и ги остави на работ на општеството.

Додека СДСМ лаже дека се грижи за младите реалноста е сосема поинаква, младинската невработеност расте и се повеќе млади ја напуштаат државата во потрага на подобар живот.

Светска банка потврди дека откако СДСМ е на власт невработеноста кај младите пораснала и таа сега изнесува високи 47,6%, што не прави убедливо едни од најлошите во Европа и регионот.

Во време кога децата на функционерите од власта се вдомија во државните институции,   над 140.000 од младите се наоѓаат под прагот на сиромаштијата и едвај преживуваат.

СДСМ секојдневно ветуваше дека ќе го намали иселувањето на младите, но не само што не го направи тоа туку го забрза иселувањето. Анкетите покажуваат дека и од тие млади кои останаа 71,7% својата иднина не ја гледаат тука и сакаат да се иселат од Македонија.

Ветуваа и изградба на студентски град и подобри услови во студентските домови, но од студентскиот град  ни една цигла немаат ставено, додека пак постоечките студентски се распаѓаат и секој дневно ја загрозуваат безбедноста на студентите.   Студентите живеат во супстандардни услови, без топла вода во најладните зимски денови, а во храната која ја добиваат во премали количини често наоѓаат бубачки игли и отпушоци од цигари.

СДСМ покажа целосна негрижа за младите во Република Македонија. Младите повеќе не смеат да живеат во беда и мизерија и да ја напуштаат државата. Време е СДСМ да си замине затоа што младите заслужуваат подобро.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести