Арсовски: Филипче по вторпат се обидува да наместите тендер за кој однапред се знаеше кој ќе го добие

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Покрај сите наши јавни обелоденувања на скандалот со тендерот за стерилизација, Венко Филипче вчера на очиглед на целата јавност си ги протурка фирмите за кои ние јавно алармиравме дека се сомнителни и целиот тендер го прават скандалозен.

Ние уште вчера пред отворањето на понудите јавно предупредивме дека тендерот е наменет за фирма поврзана со албански бизнисмен, која има врска со тендерот за стерилизација во Албанија каде што истата фирма е кривично гонети.

Се работи за 2 фирми кои се активни на тендерот поврзани со албанскиот бизнисмен Илир Рапај.

Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите во конзорциумот истиот Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании. Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.

За фирмите поврзани со Илир Рапај и неговите бизнис партнери веќе се води истраги во Албанија и во Италија, а искуството на граѓаните и здравствениот сектор во Албанија е сериозно лошо. Истото го чека и здравствениот систем во Република Македонија доколку не се прекине веднаш овој тендер кој го турка Венко Филипче. Највеќе од сето ова ќе страдаат граѓаните и се ќе оди на нивна штета и нивни грб.

Почитуван министер Венко Филипче,

Втор пат јавноста ве фаќа во лага и во обид да наместите тендер за кој однапред се знаеше кој ќе го добие.

Втор пат дрско се обидувате да ги измамите и изманипулирате граѓаните и да испрофитирате лично од сето тоа.

После ваква втора грешка редно е да си дадете оставка веднаш и да не ја чекате метлата и да заминете од министерската функција. Граѓаните не смеат да бидат робови на вашата неспособност и на вашите криминални нагони.

Се покажа и докажа уште еднаш дека на Венко Филипче воопшто не му е важно здравјето на 2 милиони граѓани, туку поважно му е некој да се офајди дебело од неговите тендери.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...