Зоран Заев и СДСМ се вистинска катастрофа за земјоделието

Соопштение до јавноста

Зоран Заев и СДСМ се вистинска катастрофа за земјоделието. Ништо од ветувањата за сигурен пласман и високи откупни цени дадени за време на изборите во 2016 година.

Земјоделците веќе две години по ред си го фрлаат произведеното на буниште, затоа што нема никаков откуп.

Производителите на слива во Радовишко, Пијанечко и Малешевско го фрлаа својот род на буниште, затоа што килограм слива се продаваше по цена од катастрофално ниски 2 денари.

Јаболкарите во Ресен корнат и сечат десетгодишни јаболкници затоа што 100 килограми јаболка им го откупуваат по цена од само 50 денари.

Производителите на бостан, патлиџан, зелка и пиперка во струмичкиот регион го фрлаат родот во каналите. Затоа што извоз немаше.

Оризопроизводителите во кочанско немаат откуп, а оризот им скапува во амбарите.

Нема подрачје во државата каде земјоделците не се погодени. Заев ветуваше сигурен откуп, велеше дека  откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да плати. Сега не само што никој не се тепа да плати повеќе, туку откуп воопшто и нема.

Земјоделието во изминативе години е ставено на страна. Селата низ државата забрзано се празнат, а се повеќе ниви остануваат необработени.

Потребна е метла која ќе го измете Заев и неговите кадровски  решенија низ институциите. Потребна е промена на власта.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тагови:

Поврзани вести