Две години во Република Македонија не е изграден ниту еден метар нов пат

Соопштение до јавноста

Две години во Република Македонија не е изграден ниту еден метар нов пат. Градбата на нова инфраструктура е замрена. Нема проекти, нема инвестиции. Најголем  потфат во областа на инфраструктурата на оваа власт беше играње чочек во тунел на автопат изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и СДСМ  излажаа кога на изборите во 2016 година ветуваа дека ќе изградат 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта.

Власта не само што не изгради ништо ново, туку и тоа кое што требаше да го пуштат во употреба останато од времето на  ВМРО-ДПМНЕ не е пуштено во употреба, па така готовиот автопат Миладиновци – Штип со месеци е вон употреба од причини кои само Зоран Заев ги знае.

Иако капитални инвестиции нема, власта сепак без престан се задолжува. Каде отидоа над половина милијарда евра од  нови задолжувања, а притоа ништо не е изградено е прашање на кое Зоран Заев и неговите министри ќе треба да им го одговорат на граѓаните, а и на институциите на систем кога ќе завладее правото во Република Македонија.

Најавуваа градежен бум, а не направија ништо. Владеењето на Зоран Заев ќе остане запаметено како време во кое ништо не е направено, градежните работи на инфраструктурата запреле, инвестиции немало , а граѓаните се повеќе се решавале да ја напуштат државата. Колку побргу владеењето на Заев  стане минато, толку подобро за државата и граѓаните.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...