Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување на емисија на ТВ Алфа посочи дека со оваа влада на Заев државата никогаш нема да влезе во ЕУ. Оваа влада предводена од Зоран Заев нема никаков реформаторски капацитет.

Ниту пак има намера да прави нешто од сите оние препораки кои ги добива од ЕУ. Они се што направија е го променија името, го сменија Уставот, донесоа закон за двојазичност кој што не може ни да се применува, ги излагаа и Албанците во оваа ситуација, појасни Димовски. Димовски додаде дека со ваква власт која што се занимава исклучиво со коруптивни работи, корупција, со назадување на државата, и народот полека се иселува, со таква состојба во ЕУ не се влегува. Заев си мисли дека ја плаши ЕУ и водството на ЕУ со тоа. Јас сметам дека тоа се исклучително умни луѓе, умни политичари кои што ја знаат премногу добро реалната слика во Република Македонија.

Оваа влада секако ќе падне, дали ќе падне за неколку месеци или дали ќе падне во март следната година, или во декември на редовни избори, оваа влада секако паѓа. Неминовно е дека паѓа владата. И до сега гледано историски 27-8 години колку што постои Република Македонија никогаш СДСМ како политичка партија која предводела влада не опстоела повеќе од еден мандат. Доаѓаат еден мандат собираат се што можат да соберат, грабаат што можат и после заминуваат, не се способни да сработат нешто, истакна Димовски. Димовски рече за да живее овој народ посреќно и поубаво треба да има во државата суштински реформи. Народот треба да се чувствува слободен.

Народот треба да биде економски независен, да знае дека правото и правдината му се загарантирани. Но за жал ништо од тоа сега нема. Во текот на емисијата Димовски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е национална партија и ќе ја формира следната влада на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе понуди мошне сериозни проекти и мошне суштински реформи за Република Македонија за да ја приближи кон ЕУ. Со криминал и оваа влада не се влегува во ЕУ. Во ЕУ не се влегува со корупција, непотизам и криминал.