Факт е дека промената на уставното името на Република Македонија никогаш не било предуслов за отпочнување на преговори со ЕУ. Напротви отсекогаш единствен предуслов којшто постоел за да се почнат преговори со ЕУ за Македонија се внатрешните реформи, рефорните во целиот системот на Република Македонија. Дали се работи за судството, за јавното обвинителство, дали се работи за реформи во социјалната политика, во здравството, во образованието од нас се бараа реформи. Тие реформи требаше да ги направи оваа влада на СДСМ, истакна Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Отворено на Алфа„.

Тој потенцираше дека оваа влада не е способна, не е кадарна, не успеа да ги направи потребните реформи за да се започнат преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Имено тој кажа дека добар дел од реформите претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги направи и оној мал дел којшто остана да ги направи оваа влада, не успеа да ги направи туку напротив врати неколку чекори назад во одредени позиции кадешто веќе Македонија имаше сериозен напредок во спроведување и правење на реформи.

-Кажувањето дека имаме датум, немаме датум повеќе е замајување на јавноста, односно да покажат дека еве се случува нешто позитивно, немајќи аргументи со што друго да се пофалат. Немајќи некој инфраструктутен објект, немајќи некој капитален објект со којшто ќе се пофалат дека тие го донеле, го направиле, инвестирала владата во тој инфрастуктурен проект, посочи тој.

Димовски додаде дека начинот на којшто СДСМ работи е тој само со маркетинг, пропаганда, замајување на јавноста и се надеваат дека ќе им помиине како приказна и дека можеби пак ќе добијат шанса уште четити години да владеат, да можат да ги уценуваат лугето, да ги рекетираат, да факаат тендери.