Мисајловски, Мицевски и Ласовска на средба со Амбасадорите од Северноатлантскиот Совет

Соопштение до јавноста

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и пратениците Никола Мицевски и Благица Ласовска вчера (03.06.2019) остварија средба со Амбасадорите од Северноатлантскиот Совет.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроатлатските  позиции на Република Македонија.

Од страна на Мисајловски беше истакнато дека врвен стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е интеграцијата на Република Македонија во НАТО, но како што рече тој изминативе две години државата се наоѓа во многу лоша состојба поради крајно неодговорното управување од страна на актуелната власт на СДСМ и Заев.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нашиот приоритет е патот кон евроатлатската интеграција на Република Македонија, но ние моментално имаме влада која што најмалку придонесува за евроатлатските интегративни процеси на Република Македонија. Со криминал, корупција, катастрофална економија, руинирано здравство и образование, непотизам не може да имаме едно здраво општество, ниту пак демократска држава која ќе чекори кон вистинскиот пат, а тоа е ЕУ и НАТО, вели Мисајловски.

Беше констатирано дека државата не оди напред, туку напротив стагнира.

Од страна на пратениците Мицевски и Ласовска беше кажано дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите законски решенија кои ќе бидат од значење како за граѓаните, така и за иднината на Република Македонија.

На крај беше разменето мислење за унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка се со цел побрза интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...