Делегација на ВМРО—ДПМНЕ оствари средба со Генералниот Секретар на Европската народна партија

Соопштение до јавноста

Делегација на ВМРО—ДПМНЕ оствари средба со Генералниот Секретар на Европската народна партија, Антонио Лопез Истуриз.

На средбата соговорниците се осврнаа на резултатите од Претседателските избори и на идните стратешки приоритети на Партијата како и поддршката на ЕНП во таа насока. Взаемно беше заклучено дека одличниот резултат треба да претставува стимул за следните парламентарни избори. Лопез Истуриз беше информиран и за бројните злоупотреби кои се случија помеѓу првиот и вториот круг на гласање.

Соговорнците се согласија дека е потребно да се продолжи со создавање на цврста рамка за понатамошно партиско надградување, и тоа примарно изработка на нова програма која ќе даде одговор на бројните предузвици и проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Се разговараше за ангажирање на врвни експерти од сите области кои би ги имала програмата, а се разменија и позитивни искуства од сестринските партии на ЕНП. Лопез Истуриз ја потврди силната и недвосмислена поддршката на ЕНП за ВМРО—ДПМНЕ во тие процеси.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...