Арсовски: Советникот за градежништво на Заев, Андреј Манев бил кривично гонет за дела поврзани со градежништвото

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Дали Зоран Заев формира советнички тим кој треба да помогне во реформите или криминален тим кој треба да му помогне како да ја искраде државата и народот? Дали граѓаните плаќаат луѓе експерти или измамници, насилници, криминалци, водители на фестивали и кого уште не да седат до него и да го советуваат?

Ова се прашањата кои се наметнуваат после информациите кои кружат во јавноста за советниците што си ги плаќа Зоран Заев со парите на граѓаните.

Постои сериозна загриженост дека Советникот на Заев за урбанистичко планирање и градежништво, Андреј Манев бил кривично пријавуван и гонет за дела поврзани токму со градежништвото, сектор за кој сега го советува Заев.

Андреј Манев  ќе биде плаќан со народни пари и неговата плата ќе биде 40.000 денари.

Почитувани,

Каков експерт е Манев во областа на урбанизмот и градежништвото и со што е тој најповиканиот за местото советник? Дали неговата професионалност или можеби нешто друго било пресудно за негово ангажирање?

Почитувани,

Го прашуваме Зоран Заев да одговори дали е точно дека против Андреј Манев во 2012 година била покрената кривична постапка во која Манев бил гонет за градење, изведување на градба или вршење надзор без или спротивно на одобрение?

Дали е вистина и дека ова можеби не е негово прво кривично дело во кое бил замешан? Дали истиот и во 2009 година бил дел од кривична постапка во која се гонел за злоупотреба на службената положба и овластување?

Пресудна ли била вмешаноста на Манев во дела од областа на градежништвото и урбанизмот, за негово ангажирање на позицијата советник на премиерот во делот на урбанизмот и градежништвото?

Дали евентуално за ангажманот на сомнителниот Манев било пресудно тоа што неговата сопруга е претседател на судот во Куманово каде не се постапува по предметот во кој Заев се товари за поткуп на избори, а претходно беше ослободен од обвинението покренато од Виктор Цветковски.

Што е следно? Дали Зоран  Заев ќе ја ангажира Соња Николовска – ТАТ како советник за банкарство и штедни влогови? Или можеби ќе ја ангажира  Светлана Чочоровска – Полетан, како советник за сузбивање на трговијата со дрога  и организираниот криминал?

Некадарноста на оваа влада секој ден се повеќе излегува  на површина. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Метлата мора да заигра за целата влада, се друго е фарса.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...