Стоилковски: Неработа и неспособност, криминал, корупција, лаги, манипулации и непотизам се дел од успесите на владата на Заев

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев и СДСМ имаат огромни успеси од кои што граѓаните на Република Македонија глава не можат да кренат. Од нивните успеси граѓаните не можат глава да кренат. Денеска ќе ви ги презентираме 10 најголеми успеси на оваа влада постигнати во изминативе 2 години.

  1. Зоран Заев успеа да ги вработи членовите на семејствата на функционерите од СДСМ кои не беа вработени, тука само ќе спомнеме неколку како Мира Дизел, Милева Ѓорѓиева, Татјана Лалчевска и многу други.
  2. Зоран Заев успеа да го направи својот брат Вице Заев најпосакуван бизнис партнер во државата Република Македонија. Семејството Заеви влезе во бизнисот со марихуана, го откупи струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“ за цена на една гарсониера, а камиони на фирмите на Заеви вршеа транспорт во РЕК Битола.
  3. Зоран Заев успеа да се избори за втора и трета амнестија. Затворен е случајот „Поткуп“ во кој што се бараа 200.000 евра мито, а нема ништо ниту од случајот каде јавно повикуваше на поткупување на гласачи за време на референдумот. И во двата случаи постојат аудио и видео докази, но позицијата на премиер очигледно го направила и невозможното возможно.
  4. Заев и Анѓушев успеа да обезбедат субвенции од Фондот за иновации од кои се офајдија Кочо Анѓушев и Цветанка Ласкова.
  5. Власта успеа во првиот квартал 2019 година да се впиша во историјата како власт која успеала да го намали приливот на странски инвестиции за 10 пати во однос на истиот квартал од претходната година.
  6. Зоран Заев успеа да ја намали откупната цена на земјоделските производи до степен на земјоделците повеќе да им се исплати да ги сечат своите долгогодишни насади и родот да го фрлаат на буниште, отколку да го продаваат.
  7. Зоран Заев и Венко Филипче успеаја здравството да го донесат на дното. Луѓе се лечат со СМС  пораки наместо со пари од ФЗО. Лекови во аптеките нема после 15.
  8. Власта успеа досега да потроши 10 милијарди евра на име буџет, а притоа никој не знае на што се потрошени. Нивото на капитални инвестиции за првите четири месеци од годината изнесува само 10%. Нема нови 600 километри автопат, ниту пак 550 километри магистрални патишта.
  9. Зоран Заев и Оливер Спасовски успеаја безбедноста да ја донесат на најниско можно ниво. Убиствата и грабежите станаа наше секојдневие, а  запалените автомобили се како декор по улиците.
  10. Власта на Зоран Заев успеа да ја деградира војската на Армијата на Република Македонија. Касарните ни ги чува агенција за приватно обезбедување, а војниците немаат ниту чизми.

Ова се 10-те најголеми успеси на оваа влада кои им го загорчија животот на граѓаните. Со оваа влада безперспективноста е  се поголема. Колку побргу оваа влада на Зоран Заев си замине толку подобро.

Поврзани вести