Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од денес е во дводневна посета на Берлин, Сојузна Република Германија

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски и членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Трајко Славески од денес се во дводневна посета на Берлин, Сојузна Република Германија.

Делегацијата ќе земе учество во програмата која е дел од високиот дијалог на фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг и десничарската германска сестринска партија ЦДУ на Ангела Меркел, каде централна тема ќе биде гео-eкономската конкуренција и Западниот Балкан: како да се надминат предизвиците и креираат нови можности.

Во рамките на оваа програма ќе се разговара и за економските можности, развивање на шансите за напредок, како и европското интегрирање на регионот на Балканот.

Свое учество на дводневниот настан ќе имаат и Манфред Вебер шеф на парламентарната група на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент, д-р. Волфганг Шојбле претседател на Германскиот Бундестаг и поранешен министер за финансии на Германија, проф. д-р Роланд Коч министер претседател на германската покраина Хесе, Јенс Спан германски федерален министер за здравство, пратеникот Христиан Лиднер, Астрид Хамкер претседател на Економскиот совет на ЦДУ, Гутхер Отингер Европски комесар за буџет и човечки ресурси, Питер Алтмаер федерален министер за економија и буџет.

Во текот на денешниот ден Мицкоски и Славески ќе учествуваат на панелот насловен Берлинскиот процес: Германската обврзаност за Европската перспектива за Западниот Балкан, кој ќе биде отворен од д-р Јоаким Бертеле советник  за надворешни, безбедносни и развојни политики на Германската Канцеларка Ангела Меркел.  Свое учество ќе има и Франк Прис, Заменикшеф за европска и меѓународна соработка на Конрад Аданауер Штифтунг.

Подоцна во текот на денот ќе има панел дискусија за Западниот Балкан, влијанијата врз развојот и Европската Унија, каде ќе дискутираат меѓу другото и пратеници од Европскиот Парламент на владејачката партија на Ангела Меркел ЦДУ, Петер Бејер координатор на комитетот за трансатланска соработка, проф. д-р Патрик Сенсбурк, Мариан Венд.

Вториот ден ќе биде посветен на анализите за економската динамика за развој на Западниот Балкан и целиот регион.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе го искористи престојот за афирмирање на стратешката цел членство во Европската Унија, динамизирање на процесите кои треба да бидат довршени за постигнување на високите стандарди, како и билатерални средби каде ќе се дискутира за прашања важни за нашата земја. Мицкоски ќе ги запознае своите соговорници и за лошата економска состојба, потребата за реформи и забрзување на процесот на интегрирање на Македонија во европското семејство.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...