Мицкоски – Хекер: Граѓаните да не бидат казнети поради неспособната влада, криминалот и корупцијата на Заев

Почитувани,

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски во рамките на својата посета на Берлин и високиот дијалог кој го организира фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг и десничарската германска сестринска партија ЦДУ, оствари билатерална средба со д-р Јан Хекер, советник на германската канцеларка Ангела Меркел за надворешна политика.

На билатералната средба се разговараше за актуелната политичко-економска состојба во Република Македонија и европските интеграции на земјава.

Во едночасовната средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека оваа власт на Заев со ниското ниво на реализација на проекти, отсуство на реформи во клучните области, криминалот и корупцијата за жал не направи поместување кои би значело добивање на сигурен датум за преговори.

Мицкоски истакна дека поради неспособноста за менаџирање на односите и клучните процеси од страна на неодговорната Влада на Заев, не треба да бидат казнети граѓаните и во насока на поттикнување на европскиот оптимизам како и зацврстување на европската иднина на Република Македонија треба да и се додели датум за преговори.

Претседателот Мицкоски говореше и за економската стагнација како и за потребата за забрзана имплементација на реформите кои би значеле повисок стандард на граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и членот на Извршниот Комитет Славески учествуваа и на панелот организиран од Кондрад Аденауер Штифтунг каде се говореше за гео-eкономската конкуренција и интеграцијата на Западниот Балкан.

Таму свое обраќање имаше Д-р Јоаким Бертеле советник  за надворешни, безбедносни и развојни политики на Германската Канцеларка Ангела Меркел кој ја водеше панел дискусијата.

Беше заклучено дека европската иднина на регионот зависи од одговорноста на политичарите, и дека Владите мора одговорно да пристапат на тој процес. Мицкоски подвлече дека во случајот со Македонија постои уште многу работа на полето за искоренување на корупцијата, криминалот и воспоставување на владеење на правото, како и економска обнова на државата.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести