Заев и криминалниот картел не може да зборуваат за европски вредности, бидејќи единствен принцип по кој работат е принципот „евро за Вицето“

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое што се однесуваше на интервјуто на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Заев и овој криминален картел на власт сигурно не се тие кои може да зборуваат за европски вредности, бидејќи единствен принцип по кој работат е принципот „евро за Вицето“.

Тие не се грижат за граѓаните, за нивните потреби, за реформи во Македонија, туку се грижат единствено за личното богатење, доделувањето на сомнителни тендери, грантови и јавни набавки на фирмите на нивните функционери.

Камен на камен немаат ставено во државата. Да беа способни и имаа желба нешто да направат за граѓаните, тогаш нивото на реализација на капиталните инвестиции немаше да биде рекордно лошо од само 9,83% реализација за првите 4 месеци. Но затоа кога се работи за криминал, корупција и злоупотреби на службената должност оваа власт има реализација од 102,5%.

Зоран Заев не може да се аболицира толку, колку што тој може да направи сомнителни криминогени бизниси. За тоа ќе мора да одговара и за тоа нема да има компромиси.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести