СДСМ можат да продолжат да лажат и одржуваат сесии за фалење, но фактите од Извештајот на Европската комисија се јасни дека власта ја стимулира корупцијата

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Александар Нацев

СДСМ и владата можат да продолжат да негираат, да лажат, но и да одржуваат сесии за фалење, но фактите од Извештајот на Европската комисија се повеќе од јасни.

Власта не направи ништо конкретно за борбата против корупцијата во Република Македонија, напротив продолжува да ја стимулира со сомнителните тендери, грантовите кои се делат на лица блиски до власта, јавните набавки кои ги добиваат фирмите блиски до функционерите на СДСМ.

Единствено нешто што блеска во Македонија се криминалот и корупцијата, мафијашките картели и непотизмот. Одредени членки на Европската унија со право се сомневаат во доделување на членство, затоа што власта е далеку од оние европски вредности кои треба да ги испорача.

СДСМ треба да си го смени розевиот диоптер и да погледне како живеат граѓаните во оваа земја. Јакнењето на демократијата не е дисфункционалност на институциите, владеењето на правото и реформи во судството не се нарачаните судски одлуки и политичкиот прогон. Единствените резултати од неработењето на власта се зголемувањето на организираниот криминал и корупцијата, а нивната несериозна кадрова политика на конто на џебот на граѓаните не создава европски вредности, туку од истите ја одалечува Македонија.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...