СДСМ денеска наместо да работи, прославува неуспеси, расипништвото и пропуштените шанси во изминативе две години

Соопштение до јавноста – реакција на Форумот во организација на владата

Скиснатите изрази на лицата на партиските функционери се најдобар доказ дека ни тие веќе не веруваат во лагите на единствениот политичар во Европа кој е два пати аболиран за тежок криминал. Скапите хотели и луксузните сали не може да го разубават општиот грабеж по принципот „Евро за Вицето“ кој оваа врхушка го практикува цели две години.

СДСМ денеска наместо да работи, прославува неуспеси, расипништвото и пропуштените шанси во изминативе две години. СДСМ наместо да ги тргнат розевите очила и да се соочат со реалноста, продолжуваат да ги лажат граѓаните.

Република Македонија  предводена од СДСМ тоне во корупција и криминал. Во сите релевантни меѓународни извештаи јасно се говори дека земјава има ниво на корупција полошо од афричките земји како Руанда, Намибија и Буркина Фасо. Воедно постои дослух и спрега помеѓу мафијашките картели и власта, дека нема борба против организираниот криминал, туку напротив власта преку сомнителните тендери, јавни набавки, грантови и непотизмот е креатор на овие негативни појави во Македонија.

Наместо реформи во правосудството сведоци сме на заробено и партизирано судство кое работи под диктат на Зоран Заев. СДСМ создаде Рускоска обвинителство и Кацарска судство кои имаат за цел да вршат политички прогон врз неистомислениците и критичарите на власта од една страна, а да го аменстираат евидентниот криминал на владејачката структура како што тоа беше во случајот со „евро за Вице“, крвавите тендери и сите останати криминали на бизнис империите блиски до Заев и врхушката на власт.

Нејасно е како може Заев да се фали дека блескаме во ситуација кога Република Македонија има најнизок раст на БДП во регионот и Европа од мизерни 2,05% и кога реализацијата на капиталните инвестиции руши историски негативни рекорди. Минатата година беше најлошата, а како што тргнало 2018 ќе биде полоша и од неа, затоа што за првите 4 месеци реализирани се само 9,83% од капиталните инвестиции кои самите си ги планирале.  Со својата економска работа оваа власт не од опозицијата, не од граѓаните туку од германските инвеститори и стопанственици во земјава доби оценка нула што е доволен показател за нивната неработа и неспособност.

Во ситуација кога земјава има највисок буџет и за две годни потроши 9 милијарди евра,  даноците и давачките на граѓаните се повеќе растат.  Власта со секојдневните и неконтролирани задолжувања јавниот долг го зголеми на повеќе од 5 милијарди евра што за прв пат во историјата ја надмина психолошката граница од 50%, а никој не знае каде завршуваат овие пари, граѓаните од овие задолжувања апсолутно досега не видоа никаков бенефит.

Стандардот на граѓаните од ден на ден се повеќе се влошува, растат цените на горивата поради зголемените акцизи од страна на власта, растат трошоците за живот, растат цените на производите, и како резултат на тоа повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, додека единствено се богатат блиските на функционерите од власта.

Ветувањата за младите останаа само празни ветувања, СДСМ наместо да креира можности за нив, таа продолжува да ги брка од земјава. Младинската невработеност достигна бројка од 47,6% и токму затоа повеќе од 70% млади веќе не гледаат перспектива во земјава и сакаат да ја напуштат Македонија.

Со оваа власт здравството е уништено, земјоделието тоне, образованието девастирано, безбедноста нарушена, СДСМ го зацрни буквално секој сегмент од животот на македонските граѓани.

Зоран Заев и владата денеска ја потценуваат македонската јавност, тие се обидуваат неуспесите да ги престават како успеси, поразите како победи, а нивните лаги да ги прикажат како вистина. Затоа општиот впечаток на граѓаните е дека овие две години власт на Заев и криминалниот картел околу него, се неповратно изгубени години во кои Македонија уназадува наместо да напредува.

Фактите и бројките ги покажуваат неспособноста, криминалот и расипништво на оваа власт која наместо за граѓаните работи за лично богатење.  СДСМ и Заев ја уништија државата и го погазија достоинството на македонските граѓани. Македонија и граѓаните повеќе не смеат да уназадуваат.  Токму затоа потребно е СДСМ да си замине, за конечно да се врати правдата и Македонија и граѓаните да напредуваат.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тагови:

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...