Додека цела Европа бележи економски раст, сидрото на Заев ја закотви македонската економија убедливо на дното

СДСМ и Зоран Заев ја уништија македонската економија и ги осиромашија граѓаните. Работата на владата за изминатите две години ја бележи  неспособност, криминал и корупција.

Додека цела Европа бележи економски раст, сидрото на Зоран Заев ја закотви македонската економија убедливо на европското дно. За овие две години со СДСМ,  Македонија има раст од мизерни 2,05% кои се многу далеку од 5 или 7% кои Заев ги ветуваше.

Со секојдневните задолжувања на СДСМ долгот на државата е зголемен за нови над половина милијарда евра. Како резултат на задолжувањата, јавниот долг веќе изнесува повеќе од 5 милијарди евра и за прв пат ја надмина психолошката граница од над 50% од БДП.

За две години СДСМ потроши повеќе од 9 милијарди евра буџет, а граѓаните не видоа никаков бенефит. Две години со ред државата ги има највисоките буџети во историјата, а ништо не е подобрено, напротив се е влошено и никој не знае каде завршуваат парите на граѓаните.

Никаде ги нема новите болници,  училишта и студентски, а ги нема ни толку најавуваните 600 километри нови нов автопат и 550 километри магистрални и регионални патишта.  За неработата на власта во инфраструктурата говори и фактот што автопатот Штип – Миладиновци кој ВМРО-ДПМНЕ го остави во завршна фаза,  СДСМ не се способни повеќе од две години да го пуштат во употреба.

Неспособната власт на СДСМ има најниска реализација на капитални инвестиции во историјата на државата.  За првите 4 месеци во 2019 тие изнесуваат 9,83% што е полошо од минатата година која беше најлошата година по реализација на капитални инвестиции.

Потврда за неработатата и неспособноста на СДСМ дадоа и германските инвеститори во Македонија кои  работата на власта во полето на економијата ја оценија со нула. Како последица на лошите политики висината на странските инвестиции во првиот квартал годинава е за десет пати помала од првиот квартал од минатата година.

Во овие две години сведоци сме на падови на сите економски полиња, а единствено што расте со се криминалот,  корупцијата и бизнисите на функционерите од власта.

СДСМ покажа дека не знае да обезбеди економски раст и да го подобри животот на граѓаните на Република Македонија. Со СДСМ државата не може да има напредок, токму затоа неопходно е СДСМ веднаш да си замине за Македонија  и граѓаните да одат напред.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тагови: ,

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...