Николов: Филипче по укорите од Брисел треба да ја напушти министерската функција

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Николов, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Се повеќе медицински персонал ја напушта земјата. Несоодветно се користи опремата во здравството. Податоците од здравствените регистри не се користат за креирање на соодветна здравствена политика.  Лековите од позитивната листа за пациентите ги има само првите денови од месецот. Една третина од здравствените услуги се плаќаат приватно, а тоа сугерираат за намалување на квалитетот на јавното здравство. Недоволно средства се одвојуваат за превенција од малигни заболувања. Нема национална програма за рано откривање на рак на дојка и рак на грло на матката. Лимитиран и недоволен пристап до информации за стручњаците за пациентите со ретките болести, кои се оставени само на здруженијата на граѓани.

Почитувани,

Ова се само дел од забелешките што се наведени во Извештајот за Македонија подготвен од Европската комисија што се однесуваат на здравството.

Премиерот Зоран Заев заедно со Министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, наместо да ги користат финансиските ресурси на здравствениот систем за подобрување на здравствените услуги кон граѓаните, единствено се фокусирани за нарушување на функционалноста на јавното здравство.

После ваквиот извештај на Европската комисија, Филипче заедно со Дончев,  треба да бидат првите кои ќе ги измете метлата.

Во извештајот од Брисел ни укажуваат соодветно да се користат податоците зошто дури ни податоците не знаат како да ги користат. Не ги ни гледаат! Ги имаат, но им стојат реда – ради. А ова е една од најважните работи. На пример, само ако се следи бројот на болни од една болест и соодветно се менуваат квотите за лекови нема да имаат граѓаните потреба да чекаат по аптеките, да поминуваат по 20-тина аптеки дневно да проверат дали го има лекот или го нема лекот, да бараат познати да им чуваат лекови, да ги ангажираат своите деца тоа да го прават и за нив.

Не само што не се прави ништо, туку и она што постоеше не е во функција. Брисел ни вели немате програма за рано откривање на рак на дојки!

Министерот Филипче и Министерството за здравство освен овие укори од Брисел, има многу други пропусти како оној на пример со епидемијата на морбили. Целосно фијаско заради доцнење на мерките за теренска вакцинација и вакцинација на медицинскиот персонал.

Затоа тоа метлата треба прва да заигра во Министерството за здравство и во Фондот за здравствено осигурување.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...